Вкупно 1.627 повици на 112 во последното деноноќие, кон полицијата упатени 48,56 отсто

од Stefanija Kuzmanovska

Во последното деноноќие имало вкупно 1.627 повици на Единствениот број за итни случаи 112, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од нив „реални“ повици биле 39,40 отсто, а 60,60 отсто биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни.

Кон Полицијата биле упатени 48,56 отсто, кон Итната медицинска помош 41,97 отсто, кон пожарникарите 8,65 отсто, а кон АМСМ 0,41 отсто од реалните повици кон 112.

Слични содржини