Вкупно се направени 888 тестови, секоја недела има на располагање по 1.000 нови

од Aleksandar Todeski
287 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека до денеска се направени вкупно 888 тестови.

„Во овој момент имаме во Институтот за јавно здравје 1.400 дополнителни тестови, а ќе се набават уше илјада. Ќе има донација уште 1.000 тестови со најава дека ќе имаме на располагање по 1.000 секоја недела и по 300 во клиниката „Жан Митрев“, вели Филипче.

Тој информираше дека од понеделник ќе функционираат два пункта, во Чаир и Јане Сандански, а тестирањата ќе се закажуваат телефонски, преку Мој термин, со што како што нагласи Филипче, значајно ќе се зголеми достапноста.

Слични содржини