Владата ќе одлучи: Без ПЦР тест со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија

од Берта Китинска

Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тестирање.

-Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите.Во Европската Унија сите граници на движење се без PCR тестирање.Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за здравство.

Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на РС Македонија.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18790, бројката на оздравени пациенти е 15341, на починати е 756, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2693.

Слични содржини