Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор

од Берта Китинска

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната прес конференција посочи дека Владата прогласила кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија со траење од 30 дена.

Одлуката е донесена врз основа на процената на Комисија дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија врз основа на извештајот изготвен од МЕПСО за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година.

Слични содржини