Власта и опозицијата заедно го изгласаа Законот за намалување на ДДВ-то на струјата од 18% на 5%

од desk4

Власта и опозиција со 83 гласови „за“, без против и воздржани го изгласаа Законот за намалување на ДДВ-то за струја од 18% на 5% за домаќинствата.  Намалувањето на додадената вредност ќе важи само една година, до крајот на јуни 2022. Потоа ДДВ-то постепено ќе се зголемува за да се врати на ставката 18 отсто, што значи дека во 2023 сметките за струја ќе бидат повисоки.

Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека пред две недели Регулаторната комисија за енергетика ја покачи цената за електирчната енергија за 12,5 проценти. А сега со Законот и со нивелирањето на цената со намалувањето на ДДВ цената на струјата ќе остане иста или, ќе има незначително намалување.

На денешната собраниска седница се слушнаа многуо обвинувања меѓу власта и опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ со став дека законот се носи во предизборни цели и бараше цената на струјата освен за домаќинствата да се намали и за индустирјата. Опозицијата предлагаше ДДВ да биде 5% без временско огрнаичување. Во Законот ДДВ на струајта се намалува за една година на 10%, а по две години ДДВ да се врати на 18 %.

– Денеска дискутсираме за законско решение со кое треба да се намали ДДВ од 18% на 5% проценти со цел да се анулира поскапувањето на стурјата. Ако направиме една ќе се види дека оваа власт само за година и половина ја има покачено цената на електричната енергија за 20%. Ние како опозиција го понудивме ова решение уште пред неколку месеци. Народот мора да знае зашто ќе плаќа поскапа електрична енергија. Тоа е резултат, на недомаќинско работење на оние интистуиции што се задолжени за електричната енергија во Македонија. Тоа не е резултат како што би било одредено покачување на цената на нафтата заради меѓунарондите движења на пазарите туку , е резултат на недомаќинско работење на тие две инлституции кои се клучни во енергетсиот сектор во Република Македонија, рече Стојановски.

И Алијанса за Албанците и Алтернатива, сметаат дека власта ги лаже граѓаните и бараа мерката за намалување на данокот за струја да не важи една, туку цели 10 години.

-Тука сме да ја демаскирање уште еднаш измамната политика на Владата во врска со намалувањето на ДДВ од 18% на 5% за домаќинствата, за фактот дека во Комисијата за финансирање и буџет, иако нашата коалиција предложи преку амандманот дека ДДВ од 18% до 5% од вредноста за следните 10 години и не само за 1 година како што е предвидено од страна на Владата, овој наш предлог не беше прифатен, што нè тера уште еднаш да ја докажеме политичката измама на Владата, целта е вистинска да и служи на самата Влада за нивните изборни политики што ќе важат само за изборната година. Сепак, таа нема за цел вистинска помош на граѓаните што може да се даде преку намалување на ДДВ, особено сега кога имаме зголемување на електричната енергија од 12,36%, изјави на прес конференција Илире Даути.

Од власта со контра аргументи. Со намалувањето на ДДВ-то се кратат трошоците на домаќинствата. Со ова според нив нема да се почувствува двежењето на центата на струјата.

И.Т.

Слични содржини