ВЛЕН: За ДУИ нема дно кое не може да го пробие

од Nikola Popovski
27 прегледи

Сочувствуваме со болката на семејството за нивната огромна загуба. Загубата на детски живот нѐ погодува сите и овој случај не смее да биде цел на политички злоупотреби. Но ДУИ, како и секогаш, покажува дека нема дно кое не може да го пробие кога станува збор за лични политички интереси. Прават равенство меѓу нивните коцкарски дилови и загубата на детски живот. Срам и арам да им е, велат од коалицијата ВЛЕН како реакција на соопштението на ДУИ по последниот смртен случај на Клиниката за детски болести.

Од коалицијата составена од три партии посочува дека „целата јавност добро знае како ДУИ лошо се справи со пандемијата на Ковид-19, оставајќи трагичен биланс на илјадници изгубени животи“.

-Ова беше врвот на нивната корупција и неспособност, кога секој ден гледавме како здравствениот систем се уништува на штета на граѓаните. Кога беше време да застанат зад здравството, ДУИ се скрија зад своите афери и корупциски шеми, покажувајќи дека за нив власта е поважна од животот на народот. И денес, додека блиските на жртвите од Ласкарци бараат правда, нивниот случај намерно се влече низ судските лавиринти. ДУИ не сака вистината да излезе на виделина бидејќи тоа уште еднаш ќе ја открие нивната корумпирана и неодговорна страна. Наместо да побараат прошка за своите неуспеси, тие продолжуваат да копаат по сопствениот бунар на манипулации.

Коалицијата ВРЕДИ нема да остане со скрстени раце додека ДУИ ја злоупотребува болката и трагедијата на граѓаните за свои политички игри. За нас, приоритет се граѓаните, нивната благосостојба и правдата – а не власта по секоја цена, стои во соопштението на ВЛЕН.

Детската клиника ја уверува јавноста дека нема пропуст во лекувањето на петгодишно девојче, кое почина по тешко воспаление на мозокот. Оттаму посочуваат дека кај нив доаѓаат најтешките случаи од сите градови во државата и оти, не секогаш лекарите и медицинските сестри можат да спречат смртен исход.

Девојчето, според информациите што ги објавуваат медиумите, пред две недели било хоспитализирано поради силна главоболка. Откако било примено на клиниката прво било лекувано на Одделот за неврологија, но откако минатата недела состојбата му се влошила тоа било префрлено на Одделот за интензивна нега. Таму на девојчето му била направена и интубација, но, и покрај напорите на медицинскиот кадар, тие не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит и пред два дена починало.

Слични содржини