ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска ќе одговара за злоупотреба на службена положба

од desk2

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ја обвинува министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека откако дошла на власт, го претворила министерствтото во “во фабрика за бонбона бизниси кои си ги делат со нејзините соработници“.

„Додека војниците работат во мизерни, скоро никакви услови во последниве година дена, Шекеринска доделува 400.000 денари на сомнителна невладина организација која ја управува Зоран Шапуриќ.
Невладината организација „Мултикултура“ од Тетово доби 400.000 денари грант од Радмила Шекеринска за проект „поддршка за интегративните процеси во ЕУ и НАТО”. За да биде скандалот уште поголем, невладината „Мултикултура“ веднаш откако беше обелоденет од страна на медиумите скандалот, ги избриша сите податоци на својот сајт поврзани со името на министерот на СДСМ, Зоран Шапуриќ и негираше дека воопшто бил дел од управувачката структура на „Мултикултура“, додека пак неговиот потпис стои на ревизорските извештаи на невладината организација. Значи, Радмила Шекеринска доделила огромна сума на пари без да го провери портфолиото на невладината на која дава од народните пари и парите кои треба да се наменети за војниците, а не за невладините организации на Зоран Шапуриќ“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Баар Шекеринска директно да одговара затоа што сметаат дека го прекршила членот 353 од кривичниот законик за злоупотреба на службена положба.

„Шекеринска треба да одговори, бидејќи граѓаните имаат право да знаат. Дали Зоран Шапуриќ ургирал кај Радмила Шекеринска да му се додели 400.000 денари на неговата невладина организација? Дали Шекеринска знаела на кого доделувала пари од министерството? Каква корист стекнала Радмила Шекеринска со услугата што му ја направила на Зоран Шапуриќ, нејзиниот колега? Дали е вистина дека челни лица од „Мултикултура“ се сретнале во просториите на министерството со лица од кабинетот на Радмила Шекеринска и лично договореле за да се реализира ова?“, рече Арсoвски.

 

„Додека Владата на СДСМ ги покачува платите на војниците и ја внесува Македонија во НАТО, ВМРО ДПМНЕ држи срамни прес конференции и одбива да се изјасни за иднината“, одговорија од СДСМ.

„Додека Владата на СДСМ ги покачува платите на војниците и ја внесува Македонија во НАТО, ВМРО ДПМНЕ држи срамни прес конференции, полни со невистини и одбива да се изјасни за иднината на земјата.

И Министерството за одбрана и Министерот без ресор, Шапуриќ, во неколку наврати ги демантираа лагите што ВМРО-ДПМНЕ бесрамно ги пласира.

Лагите изнесени на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја покажуваат нервозата од добиената покана за членство во НАТО, нервоза од промените кои што се случуваат и успехот на Македонија.

Наместо да шири лажни вести ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни дали е за македонската иднина која носи членство во НАТО и ЕУ со зајакнат идентитет или останува заглавена во изолација.“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини