ВМРО-ДПМНЕ: Заев прави очајни потези

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ утрово излезе со ново партиско соопштение, во кое премиерот Зоран Заев го нарекоа „преварант“. Според нив, „тој не може веќе да биде ниту решение и неговото заминување е неопходно за подобро на Македонија“.

-Неговиот збор видовме дека не вреди, тој освен што е губитник е и класичен измамник. Последните обиди за притисоци и непристојни понуди кон пратениците кои се потпишаа на иницијативата за гласање на недоверба на владата се само сламка за спас на Заев и екипата околу него. Тоа се потези на очајник.

Заев не може да ја држи Македонија во заложништво заради фотеља и политичка кариера. Тие се веќе завршени. На народот му е јасно како бел ден дека со Заев и СДСМ на власт ќе продолжат да тонат во криза, економска, здравствена, енергетска. Мотивот на тие кои се потпишаа на иницијативата е да се исполни волјата на граѓаните, стои во партиското соопштение.

Слични содржини