„Во борба“: Хејли Бибер откри во каков однос е со Кендал Џенер

од Stefanija Kuzmanovska

Во последните неколку дена на социјалните мрежи се шушка за наводното прекинување на пријателството меѓу двете најдобри пријателки Хејли Бибер и Кендал Џенер.

Она што ги заинтригира сите е тоа што двете се нашле на иста локација, но очигледно не одвоиле време една за друга.

Имено, пред неколку дена Монте Карло беше домаќин на трките во Формула 1. По тој повод Хејли и Кендал отпатуваа од Америка за да поминат неколку дена на оваа локација и да присуствуваат на овој настан.

Хејли објави фотографии и видеа на кои можеме да ја видиме како ужива на францускиот брег со пријателите, но Кендал никаде не можеше да се види.

Во исто време, и Кендал објавуваше слики од францускиот брег и можевме да ја видиме како ужива на јахта.

Социјалните мрежи потоа беа преплавени со коментари на обожавателите кои се чудеа како е можно двете да заминат на одмор на другиот крај на светот, а да немаат време една за друга, па така почнаа гласините за крајот на нивното пријателство.

Изгледа дека и Хејли ги видела озборувањата, по што на своето Инстаграм „стори“ објавила слика со Кендал. Двете беа фотографирани додека се сончале со натпис „Во борба“, ставајќи крај на овие гласини на ироничен начин.

Слични содржини