Во Хрватска 776 новозаразени, во Словенија скоро 1.500

од Stefanija Kuzmanovska

Во последните 24 часа, во Хрватска се пријавени 27 смртни случаи и 776 новозаразени со коронавирусот, објави денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во Хрватска денес е 3.506, од кои 1.562 се хоспитализирани, а 136 пациенти се на респиратор.

До денес, во Хрватска се тестирани вкупно 1.139.956 лица, од кои 5.735 во последните 24 часа.

Во Словенија, во последните 24 часа биле потврдени 1.445 нови случаи на коронавирус, а починале 27 лица.

Во болниците има 1.159 пациенти, од кои 183 се на интензивна нега, пренесува СТА.

Слични содржини