Во Камерун за една недела од колера починале 29 лица

од Milan1

Од 16 до 22 март беше забележано ширење на колера во југозападниот дел на Камерун, каде што се заразени повеќе од 300 луѓе, соопшти министерот за здравство Мануада Малаки, додавајќи дека 29 лица починале во три големи градови во западниот дел на земјата.

Од почетокот на епидемијата во октомври 2021 година, од колера починаа 62 лица, додека повеќе од 2.000 се заразени.

Колерата е многу заразна болест која може да предизвика смрт за неколку часа доколку не се укаже лекарска помош, а најчесто се јавува онаму каде што хигиенските услови се лоши.

Оваа болест периодично се јавува во Камерун, каде живеат околу 25 милиони луѓе.

Во Камерун, во претходната епидемија на колера, во 2020 година, починаа 66 лица.

Слични содржини