Во Мали тридневна жалост откако терористи убија најмалку 44 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Мали прогласи тридневна жалост откако најмалку 44 лица загинаа во напад на екстремисти во таа африканска земја, објави владата во Бамако.

Неколку села беа нападнати во северниот регион Гао. Војската на Мали вчера соопшти дека е во потрага по сторителите.

Терористичките групи со години се активни во Мали и соседните земји, а некои од нив се поврзани со Ал Каеда и Исламската држава.

Слични содржини