Пред четири години, еден телефонски повик во потполност му го сменил животот на Австралијанецот Кен Ален.

Тој е наставник во пензија, а кога бил на ручек во 2014 година добил неочекуван повик од клиниката за вонтелесно оплодување.
Пред повикот, тој имал четири деца, а по тоа дознал дека вкупно има 15.
Кен и неговата сопруга Су, од јужна Австралија, заедно се во брак 36 години. Заедно имаат три биолошки деца и една посвоена ќерка.
Во интервју за “Sunday Night”, Кен вели дека почнал да донира сперма кон крајот на 70-тите години од 20 век. Тој сакал да им помогне на двојките кои не можеле да имаат деца, а пред да одлучи да стане донор разговарал со сопругата која го поддржала.

Австралијанецот во тек на два месеци повеќепати донирал сперма, а од тогаш кен не знаел ништо за успешноста на ин витро оплодувањата, затоа што се тајни.
Децении подоцна, Кен добил повик и кажано му е дека има 11 донорски деца – две девојчиња и девет момчиња.
Една од ќерките го барала. 25-годишната Клои Олворети поминала седум години барајќи го , а попатно го нашла и полубратот Роберт.
„Тешко е да се опише… Беше тоа момент на неодоливи чувства, сеќавања, љубов… и само топлина“, го опишува тој состанокот со ќерката Клои.
Кен ги запознал и другите деца. За “Sunday Night” вели дека сака да им раскаже да здравствената состојба за Паркинсоновата болест што почнала кај него пред четири години, но и за низа други кои имаат голема генетска наследност. Вели, треба да знаат и да се погрижат за самите себе.
https://www.youtube.com/watch?v=EElCj8NjGxo