Во новогодишна рација во Иран уапсени неколку врвни фудбалери

од Vladimir Zorba

Во новогодишната рација иранската полиција приведе неколку врвни фудбалери, чии имиња не се соопштуваат.

Иранските медиуми објавија дека рацијата била извршена на новогодишна забава на која се служел алкохол против исламските забрани, кои, меѓу другото, не дозволуваат блиски односи меѓу мажите и жените надвор од бракот, пренесува Ројтерс.

Ваквите социјални ограничувања беа, меѓу другото, причина за масовните протести и немири што го потресоа Иран во последните месеци, а непосреден поттик за демонстрациите беше смртта на една млада жена во притвор на иранската полиција за морал, обвинета за кршење на строгите кодекси на облекување.

Полуофицијалната новинска агенција Тасним објави дека неколку фудбалери и поранешни членови на неидентификуван врвен фудбалски клуб од Техеран биле уапсени на забава источно од главниот град.

Новинската агенција IJC објави дека собирот бил роденденска забава и додаде дека сите приведени се ослободени освен едно лице кое не е фудбалер.

Агенцијата Фарс го цитираше обвинителот кој само потврди дека е покрената постапка против приведените, а деталите за случајот ги најави за подоцна.

Иранската фудбалска федерација се уште не го коментирала овој настан

Слични содржини