Во овие хороскопски знаци се раѓаат совршени мажи

од desk2

 

Не им е на сите цел да се омажат или оженат, но ако спаѓате во оние кои го сакаат тоа, на помош ви доаѓа хороскопот. Мажите родени во овие три знаци ги имаат сите квалитети па со тоа и се „материјал за брак“.

Водолии

Водолиите тешко го даваат своето срце некому, но кога еднаш ќе се заљубат, подготвени се да дадат се за таа личност. Како сопруга, Водолијата ќе се труди да ги исполни сите желби и потреби на партнерката и ќе ја третира како принцеза. Со овие авантуристи пак, никогаш не е досадно. Единствена маана им е претераната осетливост, заради што некогаш е прелесно да ги налутиш.

Лав
Иако мажите родени во овој знак понекогаш може да делуваат како женскари заради својата изразито привлечна харизма на која паѓаат многу жени, Лавовите ги забележуваат само оние кои им се слични. Жена која може да ги освои има цврсти ставови и мора да им е рамноправна, а еднаш кога ќе ја најдат остатокот од животот ќе се трудат да и угодат.

Скорпија
Иако во младоста се склони кон често менување на партнерките, кога ќе се заозбилат, посветуваат многу внимание на партнерката, а на глас се и како страстни љубовници. Скорпиите сакаат да се скрасат со само една жена, а во бракот се верни. Посветуваат многу внимание на сопругата

Слични содржини