Во петок продолжува дијалогот за минимална плата, доколку нема решение ќе има штрајк

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи доцна попладнево информираше дека трипартениот дијалог за минималната плата ќе продолжи во петок.

-Денес имавме конструктивен дијалог невиден на нашите простори. Два предлога се на маса, едниот од ССМ, поддржан од работодавачите. Дијалогот ќе продолжи во петок, тогаш е можно решение или наредната недела. Ги уверуваме сите граѓани во категоријата приматели на минимална плата дека наскоро ќе имаат консензус околу нивните покачени плати. Единствениот начин е креирање на систем кој е долгорочен, кој и наредните години ќе обезбеди да остане минималната, рече Битиќи.

Сојузот на синдикати на Македонија бара минималната плата од 18.000 да се обезбеди веднаш.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски пред новинарите изјави дека доколку нема решение во петок, ќе стапат со генерален штрајк.

-Организацијата на работодавачи нека размислат што права, нагласи Димовски пред Владата.

Слични содржини