Во понеделник Собранието ќе одлучи кога ќе се разгледува францускиот предлог

од Nikola Popovski

Парламентот во понеделник треба да одлучи кога ќе се одржи седницата за разгледување на таканаречениот француски предлог за почеток на преговорите за европското членство на Северна Македонија, ова денес го соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери.

Во меѓувреме, организаторите на демонстрациите против францускиот предлог денеска во Скопје во период од 13 до 14 часот, ја блокираа улицата пред зградата на Владата, како и уште четири локации низ државата, меѓу кои и дел од автопатот Велес-Штип.

Вчера беше објавено соопштение од францускиот претседател Емануел Макрон, кој истакна дека народот на Република Северна Македонија мора да одлучи дали ќе ја искористи историската шанса да влезе во активната фаза на процесот на пристапување во Европската унија, преку прифаќање на францускиот предлог.

Слични содржини