Во седиштето на СЗО имало 65 заразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата

од Nikola Popovski

Од почетокот на пандемијата со Ковид-19, 65 вработени се заразени со вирусот во седиштето на Светската здравствена организација во Женева, соопшти денеска шефот на тимот на СЗО за борба против коронавирусот, Марија ван Керхофе.

„Имавме неколку случаи во изминатата недела, но сите се во ред, со многу благи симптоми или без никакви симптоми“, изјавила Ван Керхове на видео прес-конференција со медиумите.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус се врати во својата канцеларија денес, откако пред две недели мораше да оди во изолација, бидејќи беше во контакт со заразено лице.

Тој предупреди денес дека самата вакцина нема да биде доволна да се победи пандемијата на коронавирусот.

„Вакцината ќе ги надополни другите алатки што ги имаме, нема да ги замени“, рече Гебрејесус на состанокот на извршниот совет на СЗО.

Кога станува збор за вакцината, извршниот директор, како и неколку негови заменици, во последните денови се обидуваат да го намалат оптимизмот откако Фајзер и Бајонтек објавија дека нивната вакцина, која е во трета фаза на тестирање, е 90 проценти ефикасна.

Слични содржини