Во Скопје на улицата „Александар Урдаревски“ во наредните два дена ќе има временски режим

од desk4

Поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата „Александар Урдаревски“ со прв слој асфалтна маса, во општина Бутел, во Скопје, ЈП Улици и патишта Скопје информираат дека деновиве ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.

Времениот режим, појаснуваат, ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива утре од 8 часот наутро до 14 часот попладне во едната насока и во среда во истиот временски период на другата спротивна насока.

ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Слични содржини