Во Скопје се вози брзо и без возачка дозвола, изречени 158 казни

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.01.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои 42 за непочитување на брзината на движење, 14 за возење без возачка дозвола, 8 мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор, четири мерки за некористење на сигурносен појас.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од полицијата.

Слични содржини