Во торнадо во Тексас загинаа најмалку три лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени во торнадото што го погоди северниот дел на американската сојузна држава Тексас, соопштија утринава локалните власти.

Метеоролошката служба „Амарило“ потврди дека торнадо ја погодило областа во четвртокот вечерта по локално време.

Шефот на противпожарната служба во градот Перитон на новинарите им изјави дека три лица загинале во невремето.

Предупредување за невреме со грмотевици е на сила за неколку држави во средниот запад и јужниот дел на САД.

Според видео снимките објавени на социјалните мрежи од страна на „ловци на бури“, неколку згради биле уништени или оштетени од торнадото, а дрвја биле откорнати.

Слични содржини