Во Црна Гора казна и до 20.000 евра за пушење во затворен простор

од Даниел Ѓорѓиевски
140 прегледи

Црногорскиот Закон за ограничување на употребата на тутунски производи, според кој ќе биде забрането пушењето во затворен простор, денеска стапува во сила, а за прекршителите предвидена е казна и до 20.000 евра.

Законот со кој се забранува употреба на тутунски производи во јавни затворени простории, освен во казината, беше едногласно усвоен на 31 јули.

Со новиот закон не е дозволено пушење во која било просторија или дел каде се конзумира храна и пијалаци.

Слични содржини