Водител им порачува на луѓето да не се плашат, додека Талибанци стојат зад него со пушки (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

На интернет се појави неверојатно видео од авганистанско студио, кое емитува политички дебати. Имено, според извештаите на медиумите, најмалку осум талибанци упаднале во ТВ -студиото и сакале да разговараат со водителот на програмата.

Пократката верзија на снимката покажува водител кој им вели на луѓето да не се плашат, додека талибанците вооружени со автоматски пушки стојат во позадина.

– Вооружени Талибанци стојат зад преплашен водител кој беше принуден да им каже на луѓето да не се плашат. Неверојатно. Талибанците се синоним за страв – иранскиот новинар Масих Алинеџад го коментираше видеото, додека дописникот на Би-Би-Си, Јалда Хаким, напиша: – Политичка дебата на телевизија во живо. Вооружени војници следат што ќе каже водителот. Надреално“.

Таа додаде дека лидерот го прочитал талибанскиот проглас и зборувал за падот на владата на Гани.

„Вака изгледа сега политичката дебата во Авганистан“, рече таа.

Слични содржини