Воена база со американски војници нападната со беспилотни летала во Сирија

од Radmila Tasevska

Воена база на југот на Сирија, каде што американските војници го задржаа присуството за обука на силите како дел од кампањата против Исламската држава, денеска беше нападната со беспилотни летала.

Повикувајќи се на двајца неименувани американски функционери, „Тајмс оф Израел“ пишува дека едниот дрон бил соборен, а другиот оштетен.

Нападите уследија по слични напади со беспилотни летала во изминатите неколку дена врз американските и сојузничките бази во Ирак, во услови на растечко незадоволство во регионот по експлозијата во болница во Газа во која загинаа повеќе од 500 луѓе.

Слични содржини