Војската на Мјанмар за време на рација запали стотици куќи на северот на земјата

од Stefanija Kuzmanovska

Војската на Мјанмар запали стотици куќи за време на тридневната рација на северот на земјата, пишува „Гардијан“, повикувајќи се на изјави на очевидци.

Војниците уништувале куќи и запалиле моторни чамци кои ги користеле локалното население за транспорт на храна, пишува британскиот весник.

Во регионот Сагаинг имаше жестоки борби и крвава одмазда извршена од армијата на Мјанмар, со која се судрија припадници на Силите за народна одбрана.

Слични содржини