Војводата од Единбург „превентивно“ однесен во болница

Војводата од Единбург „превентивно“ бил однесен во болница, потврдија од Бакингемската палата.

Принцот Филип во петокот од Норфолк заминав во болницата „Крал Едвард VII“ во Лондон поради преглед и лекување на ран здравствен проблем.

„Во прашање е превентивна мерка, по советот на докторот на неговото височество“, се наведува во соопштението на Бакингемсакта палата.

Војводата од Единбург, во 2017 година се повлече од јавниот живот.

Тој со години ја поддржуваше кралицата и организираше сопствени добротворни манифестации.

Иако престана самостојно да ги извршува некои од протоколарните должности, продолжил да се појавува заедно со кралицата и останатите членови на кралското семејство, на свечености како црквените миси.

Војводата не е виден во јавноста од венчавката на Лејди Габирела во мај.

Се очекува дека војводата ќе помине неколку дена во болница, исто така тој не дошол со итна помош, туку станувало збор за договорен преглед.

Слични содржини