Вооружени лица нападнале чувар и запалиле банкомати во ТЦ во Топанско

од Nikola Popovski

Вооружени лице утрово се обиделе да извршат напад во трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ во Топанско Поле. Според полицијата, тие го нападнале чуварот во ТЦ и запалиле неколку банкомати.

-Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на ул.„М.К.Бригада“ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот Ш.М., а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР за „Локално“.

Затворен за сообраќај е делот од улицата „Македонско-косовска бригада“ кај посочениот трговски центар.

Слични содржини