Воз удри во мигрант кај Гевгелија

од Stefanija Kuzmanovska

Доцна ноќеска, околу 23.18 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на железничка пруга во атар на с.Негорци, гевгелиско, товарен воз на Железници на Северна Македонија, кој сообраќал на релација Трубарево – Гевгелија, удрил во машко лице мигрант.

Притоа, лицето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Гевгелија.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија.

Слични содржини