Британската влада планира да усвои закон според кој возачите кои убиваат, зато што гледаат во своите телефони, ќе добиваат доживотна казна затвор, пишува весникот The Telegraph.

Во понеделникот министрите ќе ја  предложат горната граница на пресудите за опасните возачи да биде зголемена од 14 година на доживотна. Целта на промената е да се испрати “јасна порака” на граѓаните кои предизвикуваат “неизмерна болка” на семејствата на загинатите: за несовесно возење  и треба да се даде “казна што ќе  одговара на злосторството”.

Препораките доаѓа по  голем број случаи во кои деца се убивани, бидејќи возачите зад воланот се расеани со телефоните и не успеале да  притиснат на сопирачката навреме. Минатата година вкупно 122 лица биле осудени за предизвикување смрт поради опасно возење и други 21 лица биле осудени, бидејќи предизвикувале смрт под дејство на алкохол или дрога