(Вознемирувачко видео) Лав нападна сопственик на зоолошка градина пред посетителите

од desk2
420 прегледи

 

Основач на приватен резерват за диви животни во Јужноафриканската Република се наоѓа во критична состојба, откако го нападна возрасен лав мажјак, пре неколкумина посетители.

Човекот, кој не е именуван е британски државјанин кој во ЈАР емигрирал во средината на 90-тите години и отворил ЗОО каде на посетителите им нуди средби со дивите животни очи во очи, а гарантира безбедност.

Нападот врз него се случи кога тој од непозната причина влезе во кафезот на лавот, на кого пак не му требало многу да го одвлече од капијата кон грмушките.

На видеото се слушаат вресоци на жена и маж кои снимале, како посетители, а на крајот и истрели, поради кои веројатно чвекот е и спасен.