Вработените во УЈП ќе добијат зголемени плати за 30%

од Nikola Popovski

Синдикатот на Управата за јавни приходи (УЈП) постигнал договор со раководството за исполнување на нивните барања. Според информациите, договорот е постигнат со посредство на медијаторот Илија Манасиев.

Како што изјави денеска директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во петокот е постигнат договор со синдикатот и вработените во УЈП ќе добијат покачување на платите.

Тоа што го бараа вработените е почитување на колективниот договор и зголемување на платите за 30 проценти.

Во изминатиот период вработените во УЈП протестираа и најавија генерален штрајк. За помирувач првично беше назначен Лазар Јовевски кој побара иземање затоа што не беше во државата, по што на негово место беше назначен Илија Манасиев.

Слични содржини