Вртоглава сума: Поранешната сопруга на Кевин Костнер бара поголема сума

од Vladimir Zorba

По Бред Пит и Анџелина Џоли, Холивуд изгледа го очекува уште еден мачен развод бидејќи Кристин Баумгартнер сега бара од својот наскоро бивш сопруг, 68-годишниот актер Кевин Костнер, уште поголема сума.

Актерот, кој неодамна тврдеше дека неговата сопруга намерно се обидува да го „одложи“ нивниот развод, е вмешан во жестока разводна постапка откако Кристин поднесе барање за развод на 1 мај.

Според странските медиуми, 49-годишната дизајнерка на чанти не се откажува од својата цел.

Костнер и понудил 129.000 долари месечно, но Кристин смета дека тоа е недоволно, па побарала сумата да се зголеми на околу 175.000 долари.

Поранешната двојка има три деца, Кејден, 16, Хејс, 14 и Грејс, 13, а ТМЗ дозна дека Баумгартнер поднелa правни документи барајќи од судот да ги прегледа исплатите за децата да можат „да уживаат во истиот начин на живот со двајцата родители“. Таа објаснила и дека нивните четири деца живеат со татко им во вила на плажа чија вредност се проценува меѓу 65 и 95 милиони долари. Исто така, со ѕвездата на „Yellowstone“ одат на луксузни патувања со приватен авион.

„Потребна е зголемена издршка за децата да можат да патуваат на слични патувања кога се со неа, а тоа е соодветно дури и ако исплатите за издршката за деца го подобруваат животниот стил на Кристин“, се вели во предлогот.

Кристин, исто така, смета дека тоа е едноставно стандардот што го бара законот за семејство во Калифорнија, додавајќи дека и со поголема сума нема да може да живее луксузно како Кевин, но дека барем ќе биде блиску до стандардот на познатиот актер кој доби бројни пофалби за улогата на Џон Датон во хит серијата Yellowstone.

Таа откри и колку заработува Кевин. Имено, актерот во последните две години секој месец заработувал повеќе од 1,6 милиони долари. Дизајнерката моментално бара нов дом, а наводно планира да изнајми куќа во Монтесито за 40.000 долари месечно.

Тој исто така тврди дека Костнер заработил 11 милиони долари од 4-та сезона на Yellowstone, 10 милиони долари за 5-та сезона, а планирано е да заработи 12 милиони долари од претстојниот филм Horizont.

Кристин Баумгартнер моментално живее во привремено изнајмување во Монтесито за 40.000 долари месечно и во документите вели: „За разлика од имотот на Кевин, нашата куќа се наоѓа на планинската страна на автопатот. Нема пристап до плажата, ниту може да се пешачи до плажата и нема живописен поглед“.

Двојката се венча во 2004 година во Аспен, а во мај, по речиси 19 години брак, Кристин поднесе барање за развод, оставајќи ја холивудската ѕвезда наводно „непријатно изненадена“, изјавил тогаш извор за People.

Нивниот развод брзо стана непријатен, а неговата отуѓена сопруга неодамна тврдеше дека Кевин ги „затаил“ финансиските информации за неговото богатство од 400 милиони долари во време на нивниот тековен развод.

Слични содржини