Вучиќ: Не го штитивме муралот туку граѓаните од меѓусебен конфликт

од Milan1

Ако полицијата го штитеше муралот на Ратко Младиќ, тој немаше да биде уништен. Полицијата ги заштити граѓаните од меѓусебен конфликтот, го заштити јавниот ред и мир и постапи професионално, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

– Зошто порано не го уништија муралот, затоа што сакаа некој да истепа некого и да направат циркус од тоа. Тие што се демек против воените злосторници објавуваат големо интервју со Насер Ориќ, имате и мурал од Праљак во земја членка на ЕУ, него никој не го уништува, изјави Вучиќ.

Слични содржини