Вулин се сретнал со Шојгу: Рускиот министер изразил благодарност

од Stefanija Kuzmanovska

Доскорешниот директорот на Безбедносно-информативната агенција на Србија, Александар Вулин, престојувал во Москва каде имаше средби со највисоките безбедносни структури на Руската Федерација.

Вулин бил примен од секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација Николај Патрушев и директорот на Службата за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин.

За време на престојот во Москва, Вулин се сретнал и со министерот за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шојгу.

Шојгу изразил благодарност до поранешниот директор на БИА за неговата соработка во времето кога Александар Вулин беше на чело на министерството за одбрана и за се што направиле заедно за да ги зближат Србија и Русија и вооружените сили на двете земји.

Слични содржини