Вулин за бункерот на Беливук: Информацијата ја добивме од член на нивниот клан

од Nikola Popovski

Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, денес изјави дека информацијата за бункерот што бил откриен во викенд-куќата во Ритопек, а која им припаѓала на припадниците на криминалниот клан Беливук – Миљковиќ, е добиена од некои членови на тој клан.

Вулин за ТВ Прва изјавил дека не верува дека бункерот ќе бил пронајден без таа информација, бидејќи бил целосно заѕидан.

Говорејќи за оружјето што беше пронајдено таму, тој посочил дека криминалниот Земунски клан нема толку многу оружје и наведе дека тешките митралези и рачните гранати биле пронајдени за пробивање на лесно оклопно возило.

Ваквите возила, истакнал Вулин, ги користат заштитени лица.

Беливук и 18 уапсени се осомничени за сторено кривично дело здружување заради извршување кривични дела, тешко убиство и киднапирање како членови на организирана криминална група.

Вулин изјавил дека во „куќата на ужасот“ биле донесени луѓе кои биле убиени на најсуров и најмонструозен начин, соопштило Министерството за внатрешни работи.

Слични содржини