VW смисли име за своето е-возило: Ќе се вика Voltswagen!?

од Stefanija Kuzmanovska

Автомото гигантот Volkswagen ќе ги преименува своите електрични возила во САД во „Voltswagen“. Сè уште не е потврдено дали ова ќе важи за возилата што се продаваат во Европа.

Веста наводно накратко се појавила на американската прес-страница вчера, но набргу беше отстранета. ПР-от на Volkswagen, Брендан Бредли, не ги коментираше обвинувањата, но според извештаите во медиумите, извор близок до компанијата изјавил дека станува збор за трајна промена што ќе важи за VW во Америка и јасно ќе ги оддели електричните модели од конвенционалните.

Иако не е потврдено, германската марка не се очекува да го смени името на своите електронски возила ниту во Европа.

Новинар на USA Today цитираше дел од официјалното соопштение во кое се наведува дека „Voltswagen“ е повеќе од промена на името.

„Тоа е јавна декларација со која компанијата најавува идни инвестиции во електронска мобилност“, стои во соопштението.

Според таа најава, електричните автомобили ќе го добијат натписот „Voltswagen“, додека другите ќе го чуваат класичното лого на VW.

Оваа вест доаѓа во време кога Volkswagen започнува со комерцијализација на електричниот кросовер ID.4, првиот што може сериозно да ги промени односите на моќта на пазарот на електрични возила во Америка.

Да потсетиме, VW објави 70 електрични модели до 2029 година, како и продажба на еден милион електрични автомобили до 2025 година.

Слични содржини