Нуклеарниот сектор во Украина се наоѓа во целосна неодговорност и хаос
Нуклеарниот сектор во Украина се наоѓа во многу опасна состојба и ризикот од инциденти, слични на онаа во Чернобил е огромен, пишува Washington Times. Главниот проблем на украинската нуклеарна енергетика е корупцијата, која навлезе на сите нивоа во земјата. Таа предизвикува целосна неодговорност и хаос во управувањето на нуклеарната инфраструктура, која произведува 53 проценти од електричната енергија во земјата.
За нуклеарниот сектор одговара компанијата “Енергоатом”, што според американското издание е целосно дезорјентирана. Многу од раководните и важни позиции во оваа компанија со години стоеле неисполнети, а главен инспектор за нуклеарна безбедност немало дојдено повеќе од три години. “Енергоатом” не смета за потребно да ги почитува ниедна од прифатените мерки за нуклеарна безбедност, а проверки од меѓународни експерти станувале како дожд на ветер и биле прилично формалност за пред медиумите.
Останува само да се надеваме дека Киев ја сфаќа оваа опасност, која претставува состојбата на нуклеарниот сектор во земјата не само за граѓаните на Украина, но и за цела Европа и дека ќе успее да го спречи повторувањето на трагедијата во Чернобил, завршува Washington Times.