WhatsApp воведува нова опција за говорни пораки

од Stefanija Kuzmanovska

За да се зголеми брзината на репродукција на говорните пораки, WhatsApp го воведе „Fast Playback“ за оние кои се потпираат на долгите говорни пораки.

Новата опција сега е достапна за корисниците на WhatsApp

Функцијата за брза репродукција на WhatsApp ви овозможува да ја промените брзината на репродукција помеѓу зададената поставка од 1x, на брзина од 1,5x или 2x, без промена на тонот на нечиј глас. Лесно е да се користи – со притискање на копчето за репродукција на гласовната порака ќе видите дека се појавува брзината на репродукција, што е стандардно поставено на 1x. Едноставно допрете ја брзината за да ја зголемите на 1,5x или 2x, се вели во соопштението на компанијата.

Потоа, едноставно притиснете play.

Како дел од лансирањето на брзата репродукција, WhatsApp сподели кратко видео на социјалните платформи – Фејсбук, Инстаграм, Твитер.

Гласовните пораки на WhatsApp ви овозможуваат да разговарате со пријателите и семејството секогаш кога ви одговара и им дозволува да слушаат кога и да им одговара, притоа давајќи им на сите повеќе лична врска отколку што добивате преку СМС пораки. Сепак, може да биде тешко за вас да најдете време да слушате долга гласовна порака. Затоа, WhatsApp воведува брза репродукција, што ја забрзува пораката, овозможувајќи да се намали времето потребно за слушање на најдолгите говорни пораки, соопшти компанијата.

Слични содржини