Xiaomi објави нов тизер за Mi Mix 2s

од Vladimir Zorba

Како што е познато, Xiaomi ќе го претстави својот нов предводник Mi Mix 2s на 27-ми март. Од неодамна, компанијата се пофали на социјалната мрежа Weibo со исклучително висок резултат на уредот, на бенчмаркот AnTuTu.

Денес, загревањето за настанот продолжува со новиот рекламен тизер кој се фокусира на процесорот со прашањето „Колку брз е вашиот Snapdragon 845?“.

Според гласините, Mi Mix 2s ќе понуди 6.01-инчен OLED дисплеј и камера со Sony IMX363 сензор.

Телефонот се очекува да биде опремен со 8 GB RAM и 256 GB меморија за апликации.

Слични содржини