„YouTube“ ги разбесни корисниците: Сакате видео во подобра резолуција? Ќе треба да платите

од Nikola Popovski

„YouTube“ подготви уште едно во низата непријатни изненадувања за своите корисници.

Имено, доколку сакате да гледате видеа во 4K резолуција, ќе треба да платите за тоа во иднина.

Се чини дека „YouTube“ веќе започна со тестирање на новите правила, а некои корисници пријавија дека нивната опција за 4K е блокирана додека не платат за „премиум“ пакет.

Корисниците почнаа да се жалат на Twitter и Reddit дека на iOS уредите, но и на другите платформи, YouTube бара од нив да се претплатат на YouTube Premium за да гледаат видеа со најдобар квалитет.

Засега не е јасно колку е распространета опцијата и кога YouTube ќе ги принуди сите корисници да плаќаат доколку сакаат 4K.

 

Неодамна беше објавена уште една непријатна вест поврзана со рекламите. Имено, на корисниците кои не преплатиле за „премиум“ во иднина ќе им се прикажуваат 5, наместо 2, реклами, без можност за прескокнување, додека „премиум искуството“ ќе остане без реклами.

Слични содржини