Пушачите не веруваат дека најавата за забрана на пушење на јавните места навистина ќе биде спроведена. Непушачите пак се радуваат бидејќи ќе може конечно да “дишат”.

pusenje-zabraneto

До крајот на 2016-та година во Србија би требало да биде воведена потполна забрана за пушење на јавните места, вклучувајќи ги и сите угостителски објекти.  Оваа вест ги израдува непушачите, но, останатите ставови се дека потполната забрана за пушење во јавните објекти е еднаква на драконска казна и би требало да се направи компромис.

Новиот закон за забрана на пушење подразбира дека секој ќош во кафетериите и рестораните треба да биде непушачки, освен летните градини во кои ќе биде дозволено пушење. За пушачите е предвидено дека нема да може да користат ни посебни простории со вентилација кои сега постојат во многу трговски центри.

9039a62c8846d48e147631d383f87c04

Примариус д-р Петар Боровиќ, лекар по општа медицина и претседател на Сојузот против пушење во Србија, смета дека до сега непушачите претрпеле терор.

– Поддржавам воведување на ваков закон и сметам дека ќе биде голем чекор за нашата земја. Кога претседателот на Уругвај успеа да издејствува кај нив да се донесе идентичен закон, доби над милион пораки и писма за благодарност на непушачите. Верувам дека и нашите граѓани ќе бидат задоволни, вели Боровиќ за српски Блиц.

Според него, ова не е закон со кој се воведува дискриминација на пушачите, бидејќи ситуацијата е сосема спротивна, има 70% непушачи, а 30% пушачи.

–  И угостителите се изненадени позитивно, иако мислеа дека финансиски ќе пропаднат не се случи така. Исчезна одвратниот мирис внатре, а во рестораните масовно почнаа да доаѓаатнепушачи, водејќи ги и своите деца.  И пушачите беа задоволни, бидејќи ги одморија своите бели дробови.  Јас имам многу добро мислење за нашите граѓани кои во суштина се чувствителни и широкогради, но во принцип не сакаат власт над нив, но ако им се пристапи човечки и им се објасни мислам дека ќе го поддржат, вели Боровиќ.

Тој објаснува дека една цигара е многу штетна за непушачите бидејќи тогаш се создава голема концентрација на штетни материи. Една третина од димот останува во белите дробови на пушачите, а две третини останува во воздухот кој повторно го вдишуваат и пушачите и непушачите.

download (58)

Сосема спротивно од ова размислување, актерот Дејан Луткиќ не го поддржува законот и вели:

 – Ние сме земја на пушачи, не смее да се донесе таков закон

Главното прашање во врска со овој закон е колку е загрозена човековата слобода и однесување, односно, до која мерка ќе одат прописите. Во суштина, го поддржувам законот за забрана на пушење на јавно место, но сметам дека некои компромиси се неопходни за да не се оди предалеку.

  -На пример, во Италија, секогаш сакаа закон дури и ако се пуши во сопствениот автомобил, се пишува голема казна, што е катастрофална ситуација. Се поставува прашање, дали тоа значи дека следен чекор е кога некој ќе дојде во нашата куќа на гости, ќе ни одредува како да живееме, вели Луткиќ.

Тој смета дека први кои ќе се побунат против овој закон, се угостителите, бидејќи тие најмногу губат со неговото спроведување.

 

 

Слични содржини