Актуелно
Почетна / Слајдер / За непочитување на полицискиот час, 22 скопјани ќе платат по 2.000 евра казна

За непочитување на полицискиот час, 22 скопјани ќе платат по 2.000 евра казна

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе казнени налози против 22 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, во одделни кривично-правни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

-Обвинителството за сите обвинети му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на износ од 20 евра во денарска противвредност​, велат од ОЈО.

loading...