Новак Ѓоковиќ го прекина молкот по тридневен притвор во Мелбурн. Најдобриот светски тенисер прво на сите им го честиташе Божиќ, а потоа им се обрати на сите кои постојано му испраќаат пораки за поддршка.

– Им благодарам на моето семејство на Србија и на сите добри луѓе ширум светот кои ми испраќаат поддршка. Ти благодарам драг Боже за твоето здравје.Им благодарам на сите луѓе ширум светот за постојаната поддршка. Можам да го почувствувам и длабоко да го ценам – напиша Новак.

Да потсетиме, Новак трет ден е приведен во Мелбурн. Откако пристигнал на аеродромот, граничната служба го малтретирала 10 часа поради наводен проблем со визата, а потоа властите дефинитивно му одбиле виза и наредиле итна депортација.

Слични содржини