За влакно избегнат воен конфликт во Ормутцкиот теснец меѓу бродови на САД и Иран

од desk2

Бродови на иранската Револуционерна гарда се доближија до американски брод во Ормуткиот теснец во саботата, принудувајќи го да го промени правецот на пловење. Ова го изјави американски официјален претставник за Ројтерс.

Изворот појасни дека иранските бродови се приближиле на околу 500 метри од бродот од USNS Invincible и застанале. Американскиот брод бил придружуван од три бродови на британската кралската морнарица. Формацијата била принудена да го промени курсот на пловење.

Претставникот појасни дека се направени обиди за комуникација преку радио, но Иранците не одговорилени. Според изворот активностите на иранските бродови биле “опасни и непрофесионални”.

Слични содржини