За време на карантинот приведени 79 лица

од Берта Китинска

Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека:


По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 126 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 79 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 68 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

По однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето на целата територија на државата констатирани се вкупно 18 прекршоци.

Во државен карантин се спроведени 20 лица.

Слични содржини