Туризмот цвета низ целиот свет, а колку тоа и да носи профит, се јавува загриженост во помалите земји доколку големиот број посетители и штети на еколошката рамнотежа. Една мала земја, всушност 13 најмала земја на светот, Палау, се досети како да го реши овој проблем.

Имаат само 20.000 жители, а госишно ја посетуваат повеќе од 160.000 туристи, па бројката се забележа и на живтоната средина. Затоа локалната власт одлучи со законска регулатива да стави крај на тоа.
Секој патник што ќе дојде на Палау во својот пасош ќе добие печат со заклетва која мора да ја потпише пред да му се одобри влез во земјата.
Во таа заклества стои: „Деца на Палау, се колнам со оваа заклетва дека како ваш гостин, ќе ја чувам и заштитувам вашата прекрасна островска земја. Се колнам дека ќе ја третирам како богатство и ќе ја истражувам со свест. Нема да земам ништо што не ми треба. Нема да му наштетам на она што не ми штети мене. Единствени отисоци што ќе ги оставам се оние кои ќе се измијат. “
Палау со тоа стана прва држава во светот која воведе ваков тип заклетва во својот закон. Заклетвата се темели на долгогосишно настојување да се сопре претераното уништување и искористување на природните ресурси.
На оваа заклетва се согласија и локалните жители, а децата во училиште ќе учат за еколоја и како да ја сочуваат својата животна средина.
Ако се прекрши заклетвата туристите ќе платат износ до милион долари.
Палау е архипелаг од 200 природни вулкански и варовити острови сместени во Тихиот океан меѓу јапонија и Австралија . Богати се со чисти плажи и планини. ИМаат засолниште за морски кучиеа, големо колку Калифорнија, а забранија и бушење на подморјето поради барање нафта.