На жените пратенички во Tанзанија забрането им е да влезат во парламентот со вештачки нокти и трепки, пренесе BBC.

Забраната ја воведе претседателот на парламентот Џоб Ндугаи, и тоа откако заменик-минстерот за здравство изрази загриженост поради ризикот кој вештачките нокти и трепки може да го имаат по здравјето.
Забраната ќе се однесува и на сите посетители на парламентот.
Покрај тоа, на жените пратенички во Танзанија им е забрането да се облекуваат во куси здолништа или фармерки кога влгуваат во зградата на највисокиот законодавен дом.