Заеднички проект на Гејтс и Сорос: Ја купуваат компанијата која разви брзи корона-тестови

од Nikola Popovski

Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, сe здружи со Џорџ Сорос и неговиот Фонд за економски развој, со намера за купување на „Молодик“, британска компанија која произведува дијагностички тестови, вклучително и брз тест за коронавирусот.

Конзорциумот, поддржан од Фондот за економски развој на Сорос и Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, ќе инвестира најмалку 41 милион американски долари во Молодик, кој има развиено ефтини и брзи тестови за откривање на колви 19 со дијагностицирање на страничен проток, што обично се користи за откривање бременост.

Технологијата ќе се користи за производство на брзи тестови за дијагностицирање на тропски болести како што се вирусот на денга и речно слепило во земјите со низок БДП. Компанијата, основана во 2003 година од Пол Дејвис, ќе се преименува во „Global Assets Health“. Според извршниот директор на Молодик, Марк Дејвис, компанијата има намера да ја стави Африка во прв план благодарение на нејзините тестови, наместо да остава „трошки“ за нив, пишува британски „Телеграф“.

„Недостатокот на прифатлива и ефикасна дијагноза на коронавирусот – или други високо ризични болести – спречува откривање на болести и напори да се прекине синџирот на пренесување“, рече Ден Ватендорф, директор на иновативни технолошки решенија во Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Без оглед на намерите на, т.н. американски филантропи, теории на заговор кружат на Интернет веќе подолго време и се однесуваат на нивната наводна поврзаност со пандемијата, пренесува РТ.

Слични содржини