Заев денеска ќе поднесе оставка од премиерската функција

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев се очекува денеска во парламентот да поднесе оставка од премиерската функција, веднаш по завршувањето на традиционалното годишно обраќањето пред пратениците на претседателот Стево Пендаровски.

Заев вчера на прес-конференција во Тирана соопшти дека ова е неговиот последен работен ден.

– На последниот ден од мојата должност како премиер на Македонија, ја имам честа директно да учествувам и да дадам свој придонес во оваа благородна иницијатива Отворен Балкан, рече Заев по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама во Тирана како дел од регионална иницијатива „Отворен Балкан“.

Чувајте го и развивајте го „Отворен Балкан“, им порача Заев на своите колеги.

-Чувајте го и развивајте го „Отворен Балкан“. Денеска сите видоа дека и мојот наследник Димитар Ковачевски, кој е овде со нас, подеднакво ќе биде посветен на овој процес, а лично верувам дека ќе биде прекрасно плус освежување и забрзување на практичната реализација на сите придобивки за граѓаните на сите три земји и воопшто на Балканот,рече Заев на заедничката прес-конференцијата со Вучиќ и Рама.

Претходно претседателот на Србија, Александар Вучиќ му за заблагодари на успешната соработка претходните години.

По поразот на изминатите локални избори, Заев најави дека ќе се повлече од сите функции, а веќе си даде оставка од лидерската позиција во СДСМ.

Пендаровски по оставката на Заев треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.

Слични содржини