Заев: До јули ќе бидат стопирани сите извршители

од Aleksandar Todeski
428 прегледи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21 најави замрзнување на сите извршни дејствија, односно на извршителите до јули месец годинава, како мерка за справување со кризата.

„До крајот на јули да се замрзнат сите извршни дејствија, сите извршители, по сите основи“, вели Заев.

Тој посочи дека пакетот на кој работат ќе биде огромен и кажа дека веруваа дека сите анализи ќе завршат набрзо, со цел да ги доработат пакетите со коморите и синдикатите. Вели, веруваа дека сите ќе бидат задоволни во државата.

„Верувам дека ќе поминеме преку 200 милиони евра, од кои околу 100 милиони евра ќе бидат за поддршка на компаниите. Нашата цел меѓудругото е да ги одржиме живи фирмите, ликвидни и стабилни но и вработените да останат во фирмите, не би сакале тие да бидат отпуштени и секако да одат на агенцијата за вработување па тука да плаќаме социјални надоместоци, технолошки вишок или слично. Сакаме за добробит и на работниците и на компаниите да ги одржиме во самите компании, значи пакетот ќе биде огромен. За нас секоја фирма е важна, секој работник е важен.  Државата ќе помогне, солидарно да ја поставиме на здрави темели помошта.  Со сите мерки ќе бидеме за пример, како што сме пример сега со здравствените мерки.“ рече Заев.

Слични содржини